Како правилно да jа користите куркумата?

Што е куркума?

Куркумата е златно жолт зачин со специфична арома кој во последните години се почесто се употребува и во нашата кујна. Се добива со сушење и мелење на коренот на растението Curcuma Longa кое расте во Индија и на југоистокот на Азија.

Таа традиционално се употребува како зачин и како лек во Ајурведата со векови, а таквото користење во последните децении го привлече вниманието и на западната, конвенционалната медицина. Денес илјадници наши граѓани си го подобриле своето здравје, ослободувајќи се од болката и воспаленијата во телото токму благодарение на куркумата и употребата на Curcumactiv.

Активни состојки: Куркумин и неговите сојузници

Жолтиот пигмент кој ја дава препознатливата боја на зачинот е носител на моќни биоактивни состојки, 3 полифенолни соединенија – куркоминоиди: куркумин, диметокси куркумин и бис-диметокси куркумин, кои ни даваат изобилство од здравствени придобивки.

Употреба на куркумата во кујната

Иако зачинот куркума има вековна традиција на употреба во Азиската кујна, тој стана актуелен кај нас во последните неколку години. Благодарение на глобалните светски влијанија, интернетот и социјалните мрежи влијанието на примената на зачини и вкусови од Азија наидува на се поголем интерес.

Тука голем придонес даваат и информациите и свесноста за големиот број здравствени придобивки на куркумата, па затоа таа се почесто се користи во подготовка на чај, како прелив за салати, како зачин или маринада за подготовка на месо (пред се пилешко) или мешавина од зеленчук кои се пропржуваат и динстаат.

Медицински и терапевтски апликации

Користењето на куркумата, пред се како додатоци со куркумин може да помогне во превенцијата и третманот на многу здравствени состојби. Бројни научни истражувања и клинички студии ги потврдија силните антивоспалителни својства поради што нејзиното користење денес се препорачува кај сите хронични и инфламаторни состојби како што се ишијас, артритис, хернија на дисковите на рбетот, спондилоза, искривување на рбетот, повреди и воспаление на мускулите.

Исто така, куркоминоидите имаат и антиоксидантски својства и заедно со способноста да го смират воспалението овозможува нејзино користење и при состојби како дијабетес, за одржување на кардиоваскуларното здравје, кај стеатозата и замастувањето на црниот дроб, за подобра когнитивна фунција на мозокот, при воспаленија на желудникот и цревата итн.

Како да ја вклучите куркумата во вашата исхрана

Постојат многу начини и рецепти за користење на куркума кои може да ги најдете на интернет. Направете златно млеко, топол напиток со млеко збогатен со куркума, мед и црн бибер кој ќе помогне во апсорбирање и користење на куркуминот во нашето тело.

Комбинирајте кари или куркума со маслиново масло, лук, јаболков оцет или лимон, можете да додадете и соја сос и ќе добиете многу интересен прелив за салати, или динстан зеленчук. Или за наједноставно користење подгответе си мешавина од куркума, со малку сув ѓумбир и црн пипер и користете го како маринада за месо или зеленчук за печење, додавање на ориз или печен или сварен компир итн.

Безбедна и ефикасна употреба

Куркуминот е безбеден за употреба и на подолг рок и можните несакани ефекти се многу ретки.

Упатства за дозирање: кога станува збор за употреба на зачинот тогаш дозирањето може да биде послободно, 2-3 кафени лажички може да се стават во јадењето кое се подготвува за семејството, или ако зборуваме за индивидуална порција ½-1 лажичка, зависно од желбите и вкусот. Но користење на куркумин, кој е концентриран и се екстрахира од зачинот се употребува во дози, најчесто од 500 до 1500 мг на дневно ниво.

Во одредени ситуации дури и 100мг куркумин, доколку се комбинира со екстракт од црн пипер и се обезбеди ефикасна апсорпција и синергистичко дејство може да даде одлични терапевски резултати.

Потенцијални несакани ефекти и резултати

Многу ретко може да го надразнат стомакот кај лица кои се пречувствителни или претерале со користење на зачинот. Поради можни интеракции со лековите, внимателно користење се советува кај лицата кои се на терапија за разредување на крвта, а со цел да се обезбеди нормален проток на жолчната течност од црниот дроб, треба да се внимава со користење на додатоци и кај лица кои имаат камчиња во жолчка и воспаление на жолчните канали.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.