Три моќни билки кои на природен начин го регулираат месечниот циклус

Во современиот свет на брзи промени и неограничени можности, жените станаа симбол на сила, одлучност и амбиција.

Денес од нив се очекува да бидат успешни на сите полиња и ефикасно да ги балансираат професионалните задачи со домашните обврски. Во целиот тој процес жените секој месец се соочуваат со неподносливи болки, непријатност, вознемиреност и осаменост пред и за време на месечниот циклус.

Околу 5-8% од жените се погодени од тешки предменструални синдроми. Главната причина за ова нарушување е хормоналната нерамнотежа низ која поминува женското тело за време на месечниот циклус. Токму затоа на жената и е потребна поддршка која ќе биде специјално прилагодена за полесно да се справи со овие промени.

Female Health Support е резултат на истражувања и разбирање на потребите на жените, и е создадена да им помогне да ги постигнат своите цели и амбиции. Оваа формула е збогатена со природни состојки кои се познати по своите лековити својства за женското здравје.

Производот се состои од уникатниот микс на трите моќни билки Ашок (Saraca indica), Лодра (Symplocos racemosa), Шатавари (Asparagus racemosus), кои се природни додатоци за одржување на целокупното здравје кај жените.

  • Ашок (Saraca indica) – кората на ова мало растение се користи за медицинска употреба, особено за регулирање на менструалниот циклус кај жените. Билката ги ублажува предменструалните симптоми, болните и обилни менструации и т.н.
  • Лодра (Symplocos racemosa) – оваа билка помага во решавање на здравствените проблеми кај жените. Кората на ова дрво се користи особено за регулирање на обилните и мачни менструации.
  • Шатавари (Asparagus racemosus) – оваа билка целосно го зајакнува репродуктивниот систем и го регулира хормоналниот дисбаланс. Аспарагусот, исто така, го олеснува процесот на доење и помага во одржување на рамнотежата на целиот организам.

Оваа комбинација на билки ефикасно ги регулира менструалните нарушувања како синдром на полицистични јајници, нередовна менструација и ПМС, помага во ублажување на болките во телото и ги решава проблемите поврзани со кожата.

Употребата на Female health support без професионален совет може и да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на здравствена состојба.

Важно: информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.