Како да го зголемите тестостеронот на природен начин?

Моќна ајурведска билка

Нивото на тестостерон кај мажите постепено се намалува по 30-тата година од животот – дознајте како природно да го зголемите

Без разлика дали сакате да изградите мускулна маса, да ја зголемите енергијата или да ослабете, она што ви треба е да ја вклучите моќната ајурведска билка Tribulus terrestris како додаток во вашата исхрана.

Што е Tribulus Terrestris?

Ајурведска билка Tribulus terrestris, позната како Gokshure, со векови се користиво медицинатапорадимногуте здравствени придобивки за машкото здравје. Токму затоа, оваа билка како додаток во исхраната е омилена кајфитнес ентузијастите како и кај професионалните фитнес натпреварувачи. Тоа првенствено се должи на фактот дека таа е моќен засилувач на тестостерон во телото.

За кого е наменет Tribulus Terrestris?

Спортистите и професионалните фитнес натпреварувачи го користат Tribulus terrestris, бидејќи им помага да го зголемат нивото на тестостерон во телото на природен начин со штоим се подобруваат атлетските перформанси, мускулната маса и нивото на енергија. Сепак, оваа билка не е корисна само за спортистите и рекреативците, бидејќи тестостеронот е поврзан и со многу други важни функции во телото, вклучувајќи го и стимулирањето на производството на црвените крвни зрнца.

Tribulus terrestris се препорачува и за оние кои страдаат од здравствени проблеми поврзани со сексуалното здравје, како што е проблемот со плодноста. И покрај тоа што вообичаено мажите го консумираат како додаток во исхраната, тој исто така носи придобивки и за одредени жени.

Кои се клучните придобивки на Tribulus Terrestris?
  • Го зголемува нивото на тестостеронот

Една од клучните придобивки од овој природен додаток во исхраната е фактот дека  докажано го зголемува производството на тестостерон во телото на природен начин. Tribulus terrestris содржи протодиосцин, кој помага во производството на тестостерон и го поттикнува производството на лутеинизирачкиот хормон, кој исто така го стимулира производството на тестостерон.

Тестостеронот е полов хормон кој игра важна улога во телото и за мажите и за жените. Кај мажите, тој е одговорен за многу промени кој се случуваат за време на пубертетот, како што е наглиот раст, растот на влакната на лицето ителото и продлабочување на гласот. Исто така, го подржува здравјето на репродуктивниот систем, производството на сперматозоиди и го регулира либидото. Професионалните фитнес и бодибилдинг натпреварувачиго користат и поради тоа што влијае на густината на коските кај мажите, редуцирањето на телесните масти, градењето на мускулната маса и зголемување на силата. Кај жените, тестостеронот придонесува за зголемување на сексуалниот нагон, а кај двата пола го стимулира создавањето на нови црвени крвни зрнца.

Нивото на тестостерон кај мажите постепено се намалува по 30-тата година од животот, што може да доведе до намалување на сексуалниот нагон, губење на мускулната маса, како и зголемување на телесните масти. Поради тоа, вклучувањето на овој додаток во исхраната може да биде корисно, без разлика дали сакатеда ја доведете вашата фигура до совршенство или да останете здрави и фит.

  • Ја зголемува мускулната маса

Тестостеронот е високо анаболичен хормон кој игра клучна улога во растот и регенерација намускулното ткиво во телото. Ја зголемува синтезата на протеините, со што се подобрува процесотна обноваи раст на мускулното ткиво и се зголемува големината и силата на мускулите. Исто така, со зајакнување на синтезата на протеините во телото, се подобруваат стапката и степенот до кој мускулите се прилагодуваат на тежинскиот тренинг.

Колку повеќе тестостерон произведува едно лице, толку повеќе ќе биде мускулест. Бидејќи Tribulus Terrestris на природен начин го зголемува производството на тестостерон, оние кои го користат како додатокот во исхраната многу полесноможат да изградат мускулна маса.

Употребата на Tribulus Terrestris без професионален совет може да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да  се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на вашата здравствена состојба.

Важно: Информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.