Вељко ја сакаше Сека како божица, а сега не може така да ја гледа

Бракот на Сека и Вељко успешно им се спротивставува на предизвиците.

Пејачката Сека Алексиќ со години негува хармонична заедница со сопругот Вељко, во кого пронашла љубов и среќа. Бракот на Сека и Вељко трае од 2010 година, во Стара Пазова живеат мирен живот далеку од очите на јавноста.

Сека во една пригода изјави дека не може да си ги прости грешките кои ги направила во кариерата, кога станува збор за изгледот и тежината. Според неа, тоа не му се допаднало ниту на нејзиниот сопруг Вељко, кој го изнервирало што си дозволила такви осцилации во тежината.

Сакам да јадам. Јадам се’, не избирам. Искрено, тоа не е здраво, а јас сакам да бидам здрава. Да бидам фит за мојот сопруг и моите деца. Да бидам секогаш привлечна. Обврска на жената, но и на мажот е секогаш да бидат убави, привлечни и да се грижат еден за друг, изјави пејачката.

Штом ќе се здебелам, гледам дека Вељко е нервозен и дека го нервира тоа. Самиот вели дека е срамота толку убава жена со ваква конституција на телото да се здебели и да си го дозволи тоа. Се разбира, тоа го сфатив дури по 10 години од неговото зборување. Моето тело не е на завидно ниво, но ослабев и мислам дека ќе ослабам повеќе. Иако цел живот кубурам со тие килограми, навистина не знам што се случува.

Што се однесува до операциите, Сека рече дека никогаш не размислувала да се подложи на неа бидејќи не е поддржувач на вакви инвазивни методи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.