Нокаут и Брејк ја носат својата акустична магија во Македонската Филхармонија!

Не пропуштајте...

На 10 ноември во Македонска филхармонија свој концерт ќе одржи една од најпопуларните македонски групи, „Нокаут“, а специјален гостин на вечерта ќе биде Дарко Гелев – Брејк, кој после подолго време ќе испее дел од своите хитови.

Концертот ќе биде „Unplugged“ и ќе се снима во живо за ново концертно аудио и видео издание.

Концертот е во организција на продукција”Сцена” карти ќе бидат пуштени во продажба од 2 октомври преку мрежата на mktickets.mk.

Не чекајте многу, билетите се во ограничен број. Се гледаме и слушаме акустично на 10 ноември, во 20:00 часот, во Македонска Филхармонија.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.