Тимоти Шаламе во улога на Вили Вонка: Морал да научи да танцува и пее, иако пеењето било се „аутотјун”

Привлечниот актер Тимоти Шаламе одлично се снајде во улогата на Вили Вонка во новиот филм Вонка, а на премиерата на филмот откри дека во текот на снимањата морал да научи да танцува и пее, иако за пеењето вели дека се било „аутотјун”.

„Ми се допадна“, рече тој. „Мајка ми е учителка по танц, а баба ми беше танчерка, сестра ми е танчерка, така што јас секогаш сум околу танчери, но едно е да бидеш околу танчери а сосема друго ти да танцуваш”

Што се однесува до пеењето се пошегува потенцирајќи дека се било „аутотјун”.

„Сфатив секој проект на кој што сум работел бил сериозен, тука морав да се олабавам и да играм, нешто како во средно училиште, но тоа го немав направено околу 10 години. “- изјави актерот.

Воедно режисерот и ко-сценарист на Вонка, Пол Кинг, истакна дека бил импресиониран од изведбата на Шаламе.

„Мислам дека она што ја прави неговата изведба толку извонредна не е само тоа што тој е смешен, палав и прилично мистериозен, исто како и Вили Вонка, туку тој го внесува срцето во улогата, тој е брилијантен актер. “, рече Кинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allie 🩷 (@alliechalamet75)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.