Зошто лекарот ми забрани хидроген?

Точно е дека лекарите неодамна утврдија дека дезинфекцијата на раните со хидроген е небезбедна. Хидрогенот, или водород пероксидот, има антисептички својства, но неговата употреба во заздравувањето на раните може да предизвика повеќе штета отколку корист. Имено, при исеченица, телото се активира за да се спречи инфекција.

Реакцијата на кожата подразбира истовремена работа на неколку вида клетки чија цел е да го забрзаат процесот на регенерација. Водород пероксидот не може да ги разликува бактериските клетки од клетките во човечкото тело.

Значи, кога нанесуваме хидроген на исеченица, предизвикуваме корозивно оштетување на ткивото. Тоа значително го влошува процесот на зараснување на раните. Кога хидрогенот се нанесува обилно на кожата, постои ризик од воспалителни процеси и формирање плускавци.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.