Како да се продолжи животот – клучни правила на исхрана

Фото: Getty Images

Претерувањето со храна го скратува животот, а за мажите по 45-та година особено се опасни месото и лебот.

Според податоците на Националниот центар за статистика и здравје, четири килограми вишок телесна маса одземаат приближно една година живот, а до болест кај секој трет човек доаѓа поради прејадување.

Просечниот животен век на мажот или на жената што страда од дебелина е за седум години пократок отколку кога станува збор за луѓе со нормална телесна маса.

Прејадувањето е особено штетно за луѓето постари од 40 години.

Лекарот П. Куренов на сите мажи постари од 40 години им советува да преминат на диетата на американскиот натуропат Макферин, кој предлага месо да се јаде само еднаш дневно (но најмногу четири пати неделно), по мало парче, и на него да нема ни капка мрснотија. Јајца не треба да се јадат секој ден, а исто така не е препорачливо ништо што е пржено во тавче.

Леб може да се јаде, но не со месо, и мора да биде добро изџвакан. Притоа, лебот е дозволен до 45-та година, а потоа треба да се замени со јаткасти плодови (ореви, бадеми и бразилски орев).

Значи, помеѓу 45-та и 50-та година треба да се употребува многу мало количество леб, а по 50-та ни трошка!

Истовремено, многу стручњаци за диета советуваат да се јаде пченичен леб со трици. Пијте само чај од нане, оставен да отстои 10–15 минути. Препорачливо е кафето да се замени со цикорија или со кафе од јачмен.

Текст: Валентин Дубин, натуропат

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.