Пози за спиење во случај на ОКОСКУВАЊЕ

Совети од стручно лице

Фото: Unsplash

Оние што страдаат од остеохондроза не ги изненадуваат несоницата, главоболката и непријатноста во пределот на вратот наутро. А на тоа не влијаат само креветот и перницата туку и положбата при спиењето. Имено, доколку кривината на ’рбетот е природна, ќе го намалите оптоварувањето и ќе се спречат болките.

За почеток треба да се позанимавате со постелата. Изберете душек со средна тврдина. Неговата висина треба да биде минимум десет сантиметри. Набавете и ортопедска перница во облик на правоаголник или полумесечина.

ВРАТНА ОСТЕОХОНДРОЗА

Најпријатна поза за спиење е на колкот. Притоа рамото е потпрено на душекот, а главата се наоѓа на перницата – така се создава природната геометрија, која обезбедува нормален крвоток. Можете да заземете и „поза на ембрион“. Во таа положба максимално е опуштен мускулниот апарат на ’рбетот.

Исто така е погодно и спиењето на грб. Рамената се на нивото на телото, подигнати се само главата и вратот (на перница), а нозете се полусвиткани во колената. Тоа овозможува анатомски правилна положба на сите пршлени, додека рамно испружените нозе создаваат напор за мускулите на лумбалниот дел, што е непожелно во случај на болест на ’рбетот.

А спиењето на стомак е опасно. Во таа положба симптомите на остеохондрозата стануваат поинтензивни.

ЛУМБАЛНА ОСТЕОХОНДРОЗА

Најудобна поза што им одговара на повеќето луѓе е на колк. Притоа едната нога е испружена, а другата свиткана во коленото. Раката на која ќе спиете ставете ја под перницата, а другата на задникот или на креветот. Во таквата положба се зголемува интервертебралниот јаз помеѓу пршлените и не се притискаат толку силно корените на ’рбетните нерви.

СТАНУВАЈТЕ ПРАВИЛНО

Во случај на окоскување исто така многу е важно како станувате од креветот – за да не испровоцирате болка. Можете да се свртите на колк, да ги свиткате нозете во колената, да го подигнете телото со помош на рацете, потпирајќи се на краевите од креветот, и истовремено да ги спуштите нозете од креветот на подот. Крстот и грбот треба да бидат прави.

Текст: Владимир Орлов, хирург (Виница)

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.