Закрепнување од мозочен удар: Клучна улога игра одвар од лушпа од грав

Рецепт од читателка

„Пред две години, мојата свекрва беше парализирана од мозочен удар. Не можеше да ја придвижи раката ниту да ја затвори устата, таа престана и да зборува. Покрај лековите, во терапијата вклучивме и народни средства. Половина чаша сечкани лушпи (сушени мешунки) од црн грав полевав со 800 мл вода. Го готвев тоа на тивок оган, чекајќи количеството на течноста да се намали на приближно 500 мл. Потоа добиениот одвар го цедев. На свекрва ми ѝ давав да го пие наместо чај во текот на денот. Третманот траеше три месеци. Жената закрепна многу брзо“, пишува Полина Грек, Алушта, Русија.

Стручно мислење за оваа терапија дава Дина Павловна Балјасова, докторка по хемиски науки и фитотерапевтка (Москва).

При примената на одредено средство за закрепнува по мозочен удар, задолжително е да се земе предвид видот на ударот – исхемичен или хеморагичен. Исхемичниот мозочен удар подразбира стеснување на крвните садови на големиот мозок или затнување на крвниот сад со тромб или атеросклеротична плочка. Хеморагичниот, пак, се јавува како последица на пукање на ѕидот на крвниот сад, што се случува почесто при слабост на самите ѕидови и поради висок артериски притисок.

Парализата може да се случи по секој мозочен удар, но во првиот случај, крвта треба да се разреди со лекови – антикоагуланси, а во вториот случај, треба да се зајакнат ѕидовите на крвните садови и да се зголеми коагулацијата на крвта.

Одварот од лушпи од грав или црн грав се користи во случај на парализа, бидејќи има зајакнувачки ефект. Затоа рецептот на читателот одговара за закрепнување по хеморагичен мозочен удар, бидејќи не ја разредува, туку ја зголемува коагулацијата на крвта.

Текст: Руски доткор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

siep qzscir ltalhly bbcz gmvasc ednejja pfgxedc cyhvdc