Пиперки полнети со сланина, сирење и кашкавал: Гурмански оброк за целото семејство!

Без мелено месо

Јадењето што го обожаваме на малку поинаков начин

Состојки:
  • 200 г ситно сирење
  • 200 г кашкавал
  • 200 г сланина
  • 3 јајца
  • 7 свежи пиперки
  • 2 лажици власец
  • 20 мл масло
Приготвување:

Исечканата сланина препржете ја на многу малку масло. Изматете ги јајцата, измешајте ги со сирењето и со кашкавалот и потоа додајте го власецот. Во таа смеса додајте ја и сланината и добро измешајте.

Наполнете ги пиперките со филот, наредете ги во плех, прелејте ги со малку масло и печете на 180 степени 20 минути.

Добар апетит!

Три фила за полнети пиперки: Рецепти што мора да ги пробате!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.