Домашни погачи со џимиринки: Старински рецепт што треба да го запишете и чувате!

Од традиционалната кујна

Совршено тесто со највкусниот додаток

Состојки:
  • 200 мл млеко
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • малку сол
  • 15 г свеж квасец
  • 350-400 г брашно
  • 150 г мелени џимиринки
  • сусам
  • ким
  • крупна сол
Приготвување:

Растопете го квасецот со шеќерот во млекото, па кога ќе се активира, додајте јајце, брашно, сол и замесете средно тврдо мазно тесто. Покријте го со фолија и со крпа, па оставете го да нараснува околу 30 минути.

Расукајте го на маса во правоаголник, па посипете го со џимиринки и преклопувајте го како во пакетчиња. Оставете го да одмори покриено 15 минути. Расукајте го на 1 сантиметар дебелина и извадете погачи.

Наредете ги погачите во плех обложен со хартија за печење. Повторно оставете ги да одморат 10-15 минути.

За тоа време, загрејте ја рерната на 210 степени па печете околу 25 минути.

При крај, намалете на 190 степени. Уживајте!

Домашно печиво: Лиснати погачици без квасец (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.