Најдобриот рецепт за домашен леб: Со причина секој ден го споделуваат 50.000 луѓе!

Само 5 состојки

Уживајте во совршениот домашен леб

Сега, кога сме дома, имаме време за пробување нови рецепти, а за овој ќе ви требаат само 5 состојки! На овој рецепт секојдневно му се враќаат по 50.000 луѓе.

Откако ќе ги извадите намирниците, само измешајте ги и пригответе совршена векна леб.

Состојки:
  • 1 пакетче сув квасец
  • 500 мл млака вода
  • 3 лажици шеќер плус уште половина лажиче
  • 2 лажици масло
  • 720 г брашно
Приготвување:

Во голем сад, оставете го квасецот со половина лажиче шеќер во топла вода. Кога на површината ќе се појават меурчиња, во друг сад измешајте ги преостанатиот шеќер, солта и половина од количината брашно. Во садот со квасецот додајте 1 лажица масло и сето тоа префрлете го во садот со суви состојки. Измешајте го сето тоа, па постепено додавајте го преостанатото брашно, додека тестото стане мазно.

Ставете го тестото на набрашнета површина и месете додека стане еластично. Вратете го во садот, премачкајте го со масло, покријте го со крпа и оставете го тестото да нараснува.

Поделете го нараснатото тесто на два дела, формирајте ги во векна. Ставете го секој дел во посебен сад, покријте ги и оставете ги да нараснат. Кога ќе биде сѐ готово, печете го лебот во рерна на 190 степени околу 30 минути.

Уживајте во совршениот домашен леб!

Леб без брашно и квасец: 1 парче ќе ве држи сити 6 часа!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.