Малку поинаков леб, но неверојатно вкусен
Метаболизмот, но и здравјето на цревата зависат исклучиво од храната што ја јадеме. За оние што не поднесуваат глутен, предлагаме леб без брашно и квасец. Овој леб изобилува со влакна, протеини и здрави масти. Едноставно се приготвува, а идеално се комбинира со кое било јадење.
Едно парче од ова леб може да ви обезбеди енергија доволна за 6 работни часа.
Состојки:
- 3 шолји ореви, грубо сечкани,
- половина шолја лешници
- 2 шолји сирови бадеми
- 2 шолји мешано семе (сончогледово, од тиква, ленено)
- 5 јајца
- 1/3 шолја маслиново масло
- 1 лажичка морска сол
Приготвување:
Во една чинија измешајте ореви, лешници, бадеми и семиња. Во друга чинија измешајте јајца, маслиново масло и сол. Потоа, измешајте ги содржините од двете чинии. Загрејте ја рерната на 160°Ц и печете го лебот околу еден час.
Кога лебот ќе се испече, извадете го од рерна, оставете го да се олади во плехот, а потоа исечете го на резанки. Чувајте ги резанките во фрижидер додека ги изедете сите.
Пробајте го и овој брз леб со сода бикарбона.