Три фила за полнети пиперки: Рецепти што мора да ги пробате!

Одличен ручек

Ако не знаете што да приготвите за ручек, наполнете пиперки!

Сезона на пиперки е, па затоа искористете ги максимално. Ако не знаете што да приготвите за ручек, наполнете пиперки!

Денес, ви предлагаме три рецепта за фил за полнети пиперки.

Традиционални пиперки

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 чешниња лук
  • 300 г мелено месо
  • малку масло
  • малку ориз
  • малку сол
  • суви зачини
  • бибер
Приготвување:

Сварете го оризот кратко и оставете го на страна. Во тавче продинстајте ги кромидот, лукот и морковот, па додајте месо и зачини. Во готовиот фил додајте и ориз. Кога ќе се олади малку, додајте го оризот и наполнете ги пиперките.

Печурки и ориз

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 1 пакување шампињони
  • 2 шолји ориз
  • сол и бибер
  • малку суви зачини
  • масло
Приготвување:

Исечкајте ги ситно кромидот и лукот, а морковот изрендајте го, па сето тоа заедно продинстајте го на масло. Потоа додајте ги исечканите шампињони. Кога ќе зоврие водата што настанала со динстањето на шампињоните, додајте го измиениот ориз и зачините. Сето тоа кратко пропржете го, па додајте малку вода. Тргнете го од рингла кога ќе зоврие и оставете го филот да се олади малку. Наполнете ги пиперките со оладениот фил.

Пиперки со сирење

Состојки:
  • 600 г сирење
  • 3 јајца
  • малку сол и бибер
  • 3 големи домати
Приготвување:

Измешајте ги сирењето и јајцата, па додајте малку сол и бибер. Потоа, полнете ги пиперките со таа смеса и затворајте ги со домат.

Вака наполнетите пиперки можете да ги испржите или да ги потпечете во рерна. Што и да одберете, нема да погрешите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.