И социјалните мрежи ги водат поинаку: 10 правила од кои парижанките никогаш не отстапуваат!

Модерни и образовани

Тие се посебни во секоја смисла на зборот

Сите работи ги прават на суптилен начин, па така ги водат и своите социјални мрежи. Погледнете ги нивните 10 правила како да бидете кул на Инстаграм како парижанка…

1. Прифатете ги клишеата

Сите знаеме дека сѐ што е поврзано со Французинките е мит: стилот, состојбата на умот, однесувањето… Од црвен кармин до модни парчиња со линии, беспрекорен а лежерен стил во секоја пригода, беретка и кроасан – таа секогаш е кул. Се смее и се шегува на сметка на клишеата.

https://www.instagram.com/p/B_Kdf-njS-E/?utm_source=ig_embed

2. Останете кул

Таа, сепак, се труди да биде кул. Тежнее да биде природна, носи обична бела маица, фармерки и се шета боса по дома, ужива во животот.

https://www.instagram.com/p/B_KVNE3HQUv/?utm_source=ig_embed

3. На својот изглед му додава некој „случаен“ печат

Дали станува збор за ремен, некое парче накит во златна боја, плетен џемпер лежерно префрлен врз рамената, шик Французинката секогаш носи некој посебен детаљ. И никогаш тоа не е намерно.

https://www.instagram.com/p/B-7KkuOKXuL/?utm_source=ig_embed

4. Бидете уникатни

На Инстаграм, најпознатите француски инфлуенсерки имаат едно нешто заедничко: сите обожаваат уметност, сите имаат објавено фотографија во стил „само што станав од кревет“, цвеќиња, балкон, а аглите од кои се сликаат се навистина уметнички.

5. Разбудете ја интелектуалката во себе

Познато е дека ако парижанката има малку слободно време, оди во некое шик кафуле, го чита најновиот бестселер или некој класик. Но и сега во карантин не прави ништо поинаку, исто е сѐ само од дома.

https://www.instagram.com/p/B-zWvFNj9Bg/?utm_source=ig_embed

6. Го покажуваат ентериерот

Моментално, попопуларни од парижанките се нивните станови. Слатки прозорци или балкони што гледаат на париски покриви, полни со цвеќиња, уметнички слики, расфрлани книги.

https://www.instagram.com/p/B7JZZVZJr7x/?utm_source=ig_embed

7. Јадат што сакаат

Зелените сокови и салати никогаш не се нашле на масата на парижанките. Тие јадат француски специјалитети, бургери и пици. Пијат кафе и вино.

https://www.instagram.com/p/B9l48xmIFZV/?utm_source=ig_embed

8. Се забавуваат

Парижанките отсекогаш знаеле да приредуваат забави. Често се собираат со блиските пријатели, танцуваат, пијат вино и јадат разни грицки. Дел од тоа често завршува на нивните инстаграм-профили.

9. Ги споделуваат своите хобија

Парижанката не е задоволна со дводимензионален живот. Таа сака да пишува книги, да компонира песни на гитара, да дизајнира гардероба или мебел – и сето тоа сака да го сподели со своите следбеници на Инстаграм.

10. Ги споделуваат своите омилени локации

Парижанката е отворена и не се плаши да ги открие своите омилени места во градот, иако тоа можеби значи дека наскоро ќе мора да си најде нови.

10 најдобри стратегии за разубавување: Ги „препишавме“ од Французинките, Азијките, Индијките, Кинеските…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.