10 најдобри стратегии за разубавување: Ги „препишавме“ од Французинките, Азијките, Индијките, Кинеските…

Применувајте ги!

Експертите за убавина ви откриваат како секој потег во процесот на разубавување да го доведете до совршенство.

1 Изгледајте помладо – засекогаш!

СЕКОГАШ нанесете СПФ-препарат на кожата на лицето, вратот и на рацете. Подеднакво е важно да ги заштитите и овие делови на телото, бидејќи вратот и дланките најбрзо ги откриваат годините.

2 Копирајте го француското мени

Исхрана е многу важна за физичката убавина, особено за убавината на ноктите. Французинките, кои јадат сирење, јаткасто овошје, лук и кромид, се познати по природната убавина. Зошто? Затоа што спомнатите хранливи продукти содржат витамини и минерали неопходни за оптималниот квалитет и изглед на косата и на ноктите.

 3 S.O.S. за сува кожа на рацете

Дланките истријте ги со внатрешната страна на кора од лимон и почекајте неколку минути. Малку ќе ве пече, но затоа проблемот ќе биде решен на најбрзиот можен начин – вашата кожа ќе стане помека.

4 Три чекори за добра ноќ

Откако ќе ја отстраните шминката со млеко, задолжително исчистете ја кожата со тоник, а потоа втријте ноќен крем или серум. И не заборавајте – не смеете да си легнете пред да ги завршите овие три чекори за нега!

5 Подгответе се за француски бакнеж!

Секогаш носете кармин. Французинките ретко користат сјај за усни – тие претпочитаат кармин, и тоа црвен и не излегуваат од дома без кармин на усните.

6 Азиски трик за заводлив поглед

Азиските жени имаат убави, големи очи. Тие само ги истакнуваат со црн молив и тоа е сè! Но ефектот е фантастичен.

7 Мејкап-микс

Ако сакате да го избегнете ефектот на маска на лицето, особено во текот на топлите денови, измешајте малку течна пудра со хидратантниот крем што го користите. Тоа може да биде замена за кој било тониран крем.

8 Поттикнете го растот на косата

Индијките се познати во светот по прекрасните коси што ги негуваат со природни маски и со масажа на скалпот со масла. Еднаш неделно во кожата на главата втријте бадемово, кокосово или маслиново масло, оставете го да дејствува 10 минути, а потоа измијте ја косата. Жените во Индија употребуваат кокосово млеко за побрзо растење на косата. Значи втријте го во косата, почекајте еден час, а потоа измијте го.

9 Зелен чај како третман против стареење

Овој вид чај е одличен антиоксиданс. Но Кинезите го користат и како моќно оружје против брчки. Чајот се остава во замрзнувач преку ноќта за да се претвори во коцки мраз, а наутро со нив се масира лицето со нежни движења. Одлична стратегија за разубавување!

10 Чаша вино, ве молам!

Исхраната е еден од пресудните фактори за негуваниот изглед на Французинките. Исто така, нивната навика одвреме-навреме да испијат чаша вино, кое е богато со антиоксиданси, е корисна за здравјето на организмот и за надворешната убавина.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.