Овошјето и зеленчукот можат да ве спасат од еден вид мозочен удар

Обрнете внимание

Студијата во која учествуваа 418.000 луѓе од девет европски земји откри дека поголема консумација на растителни влакна, овошје, зеленчук и млечни производи може да го намали ризикот од исхемичен мозочен удар.

Научниците сакаа да испитаат како различни диети влијаат на појава на исхемичен и хеморагичен мозочен удар.

Досега, повеќето студии испитувале поврзаност помеѓу храната и сите видови мозочен удар или се фокусирале исклучиво на исхемичен мозочен удар, но во оваа студија, научниците ги истражуваат двата подтипови.

Истата студија открила дека конзумирањето на повеќе јајца е поврзано со поголем ризик од хеморагичен, но не и исхемичен мозочен удар.

Која е разликата?

Исхемичен мозочен удар се јавува затоа што згрутчувањето на крвта ја блокира артерија што го снабдува мозокот со крв или се формира на друго место во телото и патува до мозокот каде го блокира протокот на крв.

Хеморагичен мозочен удар се јавува ако има крварење во мозокот што ги оштетува околните клетки. Научниците посочуваат дека исхемичните удари се случуваат почесто – во 85% од случаите, при што 15% се хеморагични.

Критичарите на студијата веруваат дека нејзина добра страна е големиот број вклучени испитаници, но треба да се земат предвид и другите фактори.

Д-р Тами Тонг, водечки автор на студијата и нутриционистички епидемиолог од Универзитетот во Оксфорд, вели дека тој и колегите откриле дека повисока доза на хранливи влакна, зеленчук и овошје се поврзани со помал ризик од исхемичен мозочен удар, во согласност со сегашната европска евиденција.

„Нашето истражување укажува на важноста на посебна студија за подтипови на мозочен удар, што сугерира дека другите фактори на ризик, како холестерол или дебелина, влијаат поинаку на овие два подвида“, вели тој.

Испитаници следени 12 години

Учесниците во студијата беа замолени да пополнат прашалници што поставуваат прашања во врска со исхраната, начинот на живот и медицинската историја и беа следени во просек за нешто повеќе од 12 години.

Во овој период, регистрирани се 4281 случаи на исхемичен мозочен удар и 1430 случаи на хеморагичен мозочен удар.

Научниците открија дека вкупната количина на влакна внесена во организмот од учесниците во студијата е поврзана со најголемо намалување на ризикот од исхемичен мозочен удар.

Секое зголемување на внесот на влакна за 10 грама на ден беше поврзано со 23 проценти помал ризик од споменатиот ризик, а на секои 200 грама овошје и зеленчук што се консумирало дневно, се намалил ризикот од мозочен удар кај субјектите за 13 проценти.

Но, негативниот крај на спектарот покажува дека на секои 20 грама јајца дневно, има 25 проценти поголем ризик од хеморагичен удар. Тие потсетија дека просечното јајце тежи приближно 60 g.

Пол Еванс, кардиолог и професор на Универзитетот во Шефилд кој не учествуваше во студијата, смета дека „главната сила на оваа студија е тоа што собрала податоци за голема група луѓе од девет европски држави“.

– Иако истражувањата сугерираат поврзаност помеѓу внесот на одредена храна и ризикот од мозочен удар, можно е дека причината не е само исхраната, туку и дополнителни социоекономски или животни фактори. Затоа, треба да се направат повеќе истражувања за да се испита дали диетата има директно влијание врз ризикот од мозочен удар – заклучи тој.

Резултатите од студијата беа објавени во „European Heart Journal”.

Прочитајте и: Како да го зачуваме имунитетот во периодот на вируси, настинки и загадување на воздухот?

 

ФОТО: Pixabay

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.