Кралски цвет што го смирува умот: Мора да го имате ова цвеќе на балконот или во градината!

Неверојатно

Оваа егзотична убавица може да ја украси вашата градина или тераса

Хортензијата има потекло од Јапонија и била украс на многу царски палати, а со текот на времето станала омилено растение ширум светот, најмногу поради својот раскошен и софистициран изглед, како и божествени бои.

Покрај изгледот, кој е одмор за очи и го разубавува ентериерот на станот или градината, хортензијата е билка за која се тврди дека го смирува умот. Може да се најде во повеќе од 60 варијации. Една од нејзините неверојатни особини е тоа што може да менува боја, па ја викаат уште и камелеон меѓу цвеќињата.

Хортензијата е повеќесезонско растение и може да трае четири години со правилна грижа и нега, а расте од 50 до 150 сантиметри.

https://www.instagram.com/p/BUtlB7lBOuE/?utm_source=ig_embed

Латинското име на оваа убавица е Hydrangea, што во превод значи резервоар на вода, а тоа сугерира дека оваа билка изискува многу полевање.

Побарувачката за хортензија е огромна и не е лесно да се најде, особено кај нас. Некогаш во цвеќарниците мора да ја нарачате неколку недели однапред, а паровите најчесто ја одбираат за декорација на нивните венчавки.

Меѓутоа, не мора да чекате за хортензија, туку можете сами да ја посадите во вашата градина или на балкон.

https://www.instagram.com/p/B-jQQ2hFFRf/?utm_source=ig_embed

Она што е најважно да го знаете за одгледувањето хортензија е тоа дека оваа билка претпочита влажни места и бара многу вода. Доколку сакате да добиете посветла нијанса на хортензија, засадете ја во земјиште со помала киселост, а доколку, пак, сакате да добиете цветови со интензивно сина или розова боја, покиселите земјишта ќе ви го овозможат тоа.

Класична или бела хортензија, која спаѓа меѓу најпопуларните, исто така, ќе изискува помалку кисело тло. Важно е да се додаде дека кога ќе садите хортензија, ако не го правите тоа во саксија што можете да ја поместувате по потреба, одберете место кое најголемиот дел од денот е во сенка, бидејќи оваа билка не поднесува долго изложување на јако сонце, на тој начин останува без неопходната вода.

https://www.instagram.com/p/Byj7RKoAajJ/?utm_source=ig_embed

Уште една важна напомена е тоа дека не е добро да ја полевате и прскате хортензијата на јако сонце, бидејќи може да се случи да ѝ овенат листовите и цветовите. Секогаш полевајте ја кога ќе опаднат температурите, односно приквечер или рано наутро. Покрај класичното полевање, обидете се да ги испрскате и листовите и цветовите, бидејќи тоа ќе ѝ годи на билката, а цветовите ќе изгледаат посвежо и побујно.

Следете ги овие совети и сигурно ќе создадете доживување на кралски двор во вашата градина или на тераса, а можете да си играте и со комбинациите на бои на ова божествено украсно растение.

10 билки кои се садат еднаш, а цутат 10 години: Цвеќе на кое не му треба голема нега

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.