Модар патлиџан со лукче: Ова е салатата број 1 за годинешната зимница!

Нешто ново

Ќе ви стане омилената зимска салата

Состојки:
  • 4 кг модар патлиџан
  • 10 поголеми домати
  • 10 црвени пиперки
  • 5 главици лук
  • 3 лути пиперчиња (по желба)
  • 1 шолја шеќер
  • 2 лажици сол
  • 1 шолја масло
  • 150 мл деветпроцентен оцет
Приготвување:

Исечете го модриот патлиџан на кругови, наредете ги на послужавник и секој круг посолете го малку. Оставете го да стои додека се исцеди вишокот течност, па истурете ја течноста и оставете го патлиџанот убаво да се исуши.

Преостанатиот зеленчук измијте го, излупете го, отстранете ги семките и петелките од пиперките, па сето тоа исечкајте го и сомелете го.

Наредете го патлиџанот во големо тенџере, одозгора сипете ја мелената смеса од зеленчук, додајте зачини и оцет и загревајте. Зеленчукот ќе испушта вода, па треба да го варите околу 30 минути додека испари течноста. Не дозволувајте водата да врие, туку загревајте на умерена температура.

Кога водата ќе зоврие, со лажица наредете ги патлиџанот и смесата од пиперки во стерилизирани тегли, затворете ги и завиткајте ги во ќебе да стојат така додека се оладат. Оладени ставете ги на темно и ладно место.

Направете џем од кајсии: Без конзерванси и желатирање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.