Трендот на купување половна шминка: Се шири брзо, а опасностите што ги носи може да бидат сериозни

Бидете внимателни

Феноменот на купување на „second hand” шминка веќе е раширен во Јапонија и САД, но колку е всушност опасен?

Тоа е феномен што никој не можеше да го предвиди, но во суштината можеби не е ниту чудно. Можеби ви беше дадена палета на сенки за очи, кои никогаш не сте ги посакувале или сте купиле кармин, што решивте да го ставите во фиока после една употреба. Па, зошто да го задржите, неискористен и запоставен, сè до денот кога ќе решите да го фрлите, а би можеле да му дадете друг живот?

Кои се опасностите?

Опасностите доаѓаат во форма на инфекции, бактериски и вирусни, што можат да предизвикаат фоликулитис (инфекција на фоликул на косата), импетиго (инфекција на кожата) и прекумерен раст на квасец (габични инфекции). Конјунктивитис може да се добие од контаминирани производи за очи, како што се маскара, моливче или туш за очи и лажни трепки; вирус на херпес од сјај за усни, кармини или моливи за усни (вирусот може да преживее на сува нежива површина до осум недели). И најзастрашувачкиот исход од сето ова е можноста да се живее со неизлечива болест или трајни лузни.

Кога купувате нов производ од продавница, знаете дека е чист и неконтаминиран, но ако потенцијално го купувате тоа од некој друг, вие навистина не знаете што добивате и, искрено, има многу нечесни луѓе кои би можеле да се обидат повторно да го спакуваат производот и да го продадат како нов“, вели д-р Џошуа Зихнер, директор за истражување на козметичка и клиничка дерматологија во болницата „Монт Синај“ во Њујорк. „Кога станува збор за вашето здравје, вие навистина не сакате да ризикувате“. Мора да признаеме дека целосно се согласуваме. Ново, можеби е поскапо, но е побезбедно.

Прочитајте и: Корејците потврдија: Лубеницата е најдобриот производ за здравје и убавина

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More