Долна облека што ќе ги балансира вашите чакри? Откријте за што станува збор

Нов изум

Добрите гаќички и градник можат да придонесат сексот да биде возбудлив и незаборавен и дали може да направат и повеќе од тоа?

И, ако ви кажеме дека има долна облека што треба да ги балансира вашите чакри… Чекајте, што се чакрите воопшто?

Underclub е компанија која продава луксузна долна облека. Според нив, на пазарот доаѓа колекција на долна облека што може да ги доведе вашите чакри во совршена рамнотежа. Во соработка со Рамона Сидло, исцелителка од Њујорк, кој се занимава со балансирање на чакрите, се создаде линија на долна облека што ги елиминира лошите вибрации. Според неа, чакрите се буквално наши центри на вибрации, добри и лоши, тие ги претставуваат најважните делови во нашиот енергетски систем, а како такви тие одат рака под рака со најважните парчиња облека – нашата долна облека.

Линијата ќе вклучува три комбинации на долна облека:

  1. приземен пакет – чакри 1-3 (црвена, портокалова и жолта)
  2. повисок пакет на вибрации – чакри 4-6 (зелена, сина и индиго)
  3. пакет за будење – чакра 7 (сите различни нијанси на виолетова)

На веб-страницата на Underclub, можете да учествувате во мал квиз за да одредите кој пакет најмногу одговара на вашите потреби. На пример, се препорачува црвена долна облека кога треба да се чувствувате силни и еротски, како на важен состанок, додека виолетовата долна облека ќе ви донесе добри вибрации во веќе добро координиран тим.

Прочитајте и: Парфем со мирис на вселената? Да, постои!

 

ФОТО: underclub.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.