Брзи погачи без квасец и без чекање да нараснат: Врели и миризливи – спремни за послужување за точно 20 минути!

Во нив можете да додадете што сакате

Рецептот за брзи погачи што не мора да нараснат е совршен за празничните денови

Состојки:
  • 2 шолји брашно
  • 4 лажици путер
  • 4 лажички прашок за печиво
  • 1 лажиче сол
  • 1 шолја јогурт
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Во чинија сипете ги сите состојки освен јогуртот. Со раце притискајте ги коцките путер за да се измешаат со брашното и другите состојки. Кога ќе добиете убава смеса, сипете јогурт и промешајте со виљушка.

Расучете го тестото, па преклопете го, па повторно расучете го и повторете го тој процес четири пати. Потоа, расучете го на дебелина од еден сантиметар и вадете погачи со чаша. Печете ги на плех обложен со хартија за печење, 10 до 12 минути.

Во овие погачи можете да додадете сирење, коцки зеленчук, шунка или други вкусни додатоци.

Домашни погачи со џимиринки: Старински рецепт што треба да го запишете и чувате!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.