За сите оние што сонуваат да се збогатат: Оваа мудра приказна треба одново и одново да ја читате!

Останете на вистинскиот пат

Што е поважно, парите или слободата?

Новогодишните празници се време кога ги средуваме сметките и впечатоците од минатата година, кога се потсетуваме на нашите најголеми предизвици, но и желби што сме успеале да ги оствариме.

Тогаш, обично почнуваме да фантазираме и за оние нешта што сакаме да ги постигнеме наредната година, а не е тајна дека меѓу нив секогаш е и желбата за малку повеќе пари. Или многу повеќе пари? Дали и вие посакувате богатство?

Пред да продолжите со формулирање на вашите новогодишни одлуки, не смеете да ја пропуштите оваа приказна за богатството, парабола за двајца момци, кои пораснале заедно во истото соседство.

Тие тргнале по различни животни патишта – едниот станал сиромашен монах, а другиот богат и моќен министер на еден крал. Многу години подоцна, тие се сретнале и министерот се сожалил кога го здогледал монахот, целиот слаб и во износена облека.

„Да научеше како да му служиш на кралот, не ќе мораше да живееш од грст ориз дневно“, му рекол крупниот министер, целиот дотеран, во скап костим.

На тоа, монахот му одговорил: „Да научеше да живееш од грст ориз дневно, не ќе мораше да му служиш на кралот.“

Секако, повеќето од нас живеат некаде помеѓу овие две крајност, но секогаш кога ќе ги одбирате вашите приоритети, размислете колку ви е, всушност, важно богатството, а колку ви е важна вашата слобода?

Поучна приказна: Една жена видела тројца старци пред куќата, па одлучила да ги повика внатре…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.