Поучна приказна: Една жена видела тројца старци пред куќата, па одлучила да ги повика внатре…

Мудра приказна

Еве што се случило…

Една жена во својот двор затекнала тројца старци со долги бради. Ги поканила внатре да се стоплат и да јадат.

„Дали вашиот сопруг е дома?“

„Не е“, рекла жената.

„Тогаш не можеме да влеземе“, рекле старците.

Кога мажот вечерта се вратил дома, жената му раскажала што се случило.

„Викни ги да влезат“, рекол мажот.

Жената излегла во дворот и ги поканила старците да влезат.

„Не можеме да влеземе заедно. Во куќата можеш да угостиш само еден од нас. Ние се викаме Богатство, Љубов и Среќа. Оди дома и договори се со мажот кој од нас тројца ќе влезе во вашата куќа“, рекле старците.

Жената отишла дома и му раскажала сѐ на мажот. Тој се израдувал па кажал:

„Ако треба да бираме, викни го Богатство. Нека ја наполни нашата куќа со пари“, рекол мажот.

„А да го викнеме Среќа“, се премислувала сопругата.

„Најдобро би било да го викнеме Љубов! Најдобро е кога во домот ќе влезе Љубов“, рекла нивната ќерка.

Парот одлучил и во куќата го викнал Љубов. А кога го направиле тоа, во домот им влегле сите тројца старци.

„Ако го викневте само Богатство или само Среќа, двајца би останале во дворот, но со тоа што го повикавте Љубов – нѐ повикавте сите нас. Таму каде што има Љубов, секогаш има и Богатство и Среќа“, рекле старците и влегле во куќата.

Поучна приказна: Човек спасил змија од оган, а потоа се случило нешто незамисливо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.