Прашања што треба да си ги поставите додека ја сортирате облеката и ги чистите плакарите

Корисни совети

Редење плакари, сортирање и отстранување на облека понекогаш може да биде исклучително тешка задача, особено кога треба да се ослободите од работите што некогаш ви беа омилени.

Има некоја необјаснива сила што нѐ спречува да се разделиме со фустанот што последен пат го носевме на новогодишната ноќ 2016 или фармерките во кои не можеме да влеземе седум години. Плус, понекогаш е тешко да се ослободите од парче облека за кое сте потрошиле многу пари или што сте го купиле од вашата прва плата. Алтернативата е помалку болна, а се состои во одложување на чистење и поминување на викендот правејќи позабавни работи. Но, во моментите кога ќе застанете пред преполн плакар и мислите дека немате што да облечете – чистењето се чини дека е единственото и правилно решение. Првиот чекор е да го проверите секое парче облека што го поседувате, а вториот е да поставите седум прашања кои ќе ви помогнат да се одделите од некогаш омилените парчиња.

Седум прашања што треба да си ги поставите кога сортирате облека и чистите плакари:

  • Дали се вклопувам во ова?
  • Дали го имам носено ова во последните 12 месеци?
  • Дали има шанса повторно да го облечам ова?
  • Дали е ова сè уште мој стил?
  • Дали е ова оштетено и ако е така, дали вреди да се поправи?
  • Дали да купував во овој момент, дали ќе го купев ова?
  • Дали се чувствувам добро во ова?

Ако одговоривте барем на едно од овие прашања со цврсто и одлучно „не“ – време е да се збогувате со тоа парче и да одлучите што да правите со тоа. Сега, покрај тоа што ќе имате повеќе простор и поуредна гардероба, ќе имате и облека со која можете да направите нешто добро. Ако облеката не треба да се фрла и ако е зачувана и чиста – можете да ја донирате на разни здруженија, да им ја дадете на луѓето што ги познавате, да ја размените или да ја продадете.

Прочитајте и: Облечете се вака и веднаш ќе изгледате 5 килограми послабо: Стилски трикови што секоја жена мора да ги знае!

 

ФОТО: Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време