За приготвување на овие вкусни кифлички ќе ви бидат потребни 30 минути, за мирување исто така 30 минути, а за печење 20минути. Добар апетит!
СОСТОЈКИ:
За тесто:
250 мл млеко
1 лажица шеќер
1 лажица сол
100 мл масло
500 г брашно
За фил:
250 мл млеко
3-4 лажици шеќер
1 кесичка ванила-пудинг
За посипување:
100 г шеќер во прав
ПРИГОТВУВАЊЕ:
За фил: сварете го пудингот на вообичаен начин, па оставете го да се излади.
За тесто: ставете го брашното во соодветен сад, додајте шеќер, масло, сол и промешајте.
Постепено додавајте млако млеко со постојано мешање. Замесете фино и масно тесто, па оставете го да отстои 30 минути.
Изработете го тестото со сукало, истенчете го и исечете го на триаголници.
Врз секој триаголник, ставете малку од филот, завиткајте го во кифлички и наредете ги во подмачкан плех.
Печете ги кифличките додека заруменат во загреана рерна на 250 степени.
Оставете ги малку да се изладат, па валајте ги во прав-шеќер.
Текст: Добра храна
Фото: Unsplash