Лажни ВАНИЛИЦИ, брзи а вистински добри!

Лесен рецепт

Вкусот на ванилиците го поврзуваме со студените денови, а ни следува лето! Затоа, пробајте ги овие ванилици, кои можат да се направат во секое време, со овошје кое е актуелно.

Состојки: 
150 г путер
100 г несолено крем-сирење
50 г шеќер
175 мл слатка павлака
1 кесичка ванилин шеќер
36 парчиња тркалезни бисквити
150 г јагоди

Приготвување: 

Во сад со миксер, изматете ги омекнатиот путер, крем-сирењето и шеќерот за да добиете мазна смеса.

Посебно изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер, па соединете ја добиената смеса со претходната.

Ставете малку крем врз 1бисквит, а одозгора наредете сечкани јагоди.

На крај поклопете со друг бисквит. Направете го истото со сите колачиња.

Секоја ванилица украсете ја со крем и сечкани јагоди.

Текст: Добра храна

Фото: RAS

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.