Брз и лесен ручек: Мусака од ориз и тиквички

Рецепт на денот

Штом ќе се појават тиквичките на пазарот, во кујната се отвора нов свет. Од нив може да се направат голем број деликатеси, евтини се, лесни за приготвување и одлично се согласуваат со сите други намирници.

Состојки:
3 тиквички
250 г мелено месо
1 кромид
1 шолја ориз
1 лажиче сол
1 лажиче бибер
1 лажиче црвен пипер
масло по потреба

ЗА ПРЕЛИВАЊЕ:
4 лажици кечап
3 парчиња јајца
3 лажици брашно
1 шолја кисело млеко

Приготвување:

На масло, пропржете сечкан кромид и месо, па кога месото ќе добие убава боја, додајте рендани тиквички и зачинете по вкус.

Извадете ја смесата од тавата, па додајте уште малку масло и измиениот ориз.

Оризот динстајте го притоа додавајќи вода додека се свари до пловина.

Измешајте сè во плехот во кој ќе ја печете мусаката, а потоа израмнете ја површината и премачкајте со кечап.

Изматете ги јајцата, измешајте ги со брашното и киселото млеко, па прелијте ја смесата врз мусаката и печете околу 40 минути, на 180 степени.

Текст: Добра храна

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.