Брзи кокосови кифлички: Највкусниот десерт од детството!

Вистинско уживање

Ако размислувате кој десерт да го приготвите денес, нека бидат тоа овие прекрасни двобојни кифлички

Состојки: (мерката е чаша од 2 дл)
  • 3 јајца
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 30 г квасец
  • 1 прашок за печиво
  • 5 чаши брашно
  • 100 г кокос + 30-40 мл млеко
  • 2-3 лажици какао

За прелевање:

  • 600 г шеќер
  • 1 л вода
  • 100 г кокос
Приготвување:

Замесете тесто од јајца, масло, млеко, ванилин шеќер, шеќер, квасец, прашок за печиво и брашно. Поделете го тестото на два дела. Во едниот дел ставете кокос, а во другиот какао.

Расучете го белиот дел, па преку него расучете го делот со какао. Завиткајте и печете на 180 степени Целзиусови околу 20 минути.

Сварете прелив од шеќер и вода, па прелејте ги кифличките со него. Прелиените кифлички вратете ги во рерна уште 10 минути. Потоа, извалајте ги во кокос.

Вкусни кифлички со пудинг
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.