Лицето го сокрила, но не и срамот: Вака изгледа жена која слепо оди по стапките на мажот!

Дали ова е нормално?

Бјанка Цензори е вистински пример за жена која го слуша својот маж, а многумина се прашуваат дали тоа е нормално

Раперот Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Цензори, присуствувале на ревија на Мовалол на Лондонската модна недела. Будно набљудуваниот пар поради своето скандалозно однесување и стил на облекување, и овој пат ја шокира јавноста. Бјанка Цензори, како и обично, се појавила во дегутантна комбинација.

Познато е дека жената на славниот рапер сака да ги истакнува своите гради, па затоа редовно ги открива, но овој пат ги покрила, исто како и лицето. Овој пат, во прв план го ставила голиот задник.

Највпечатливиот елемент од изгледот на Бјанка не било само белото боди, кое ги откривало нејзините нозе, туку масивната бела перика со реси, кои целосно ѝ ги покривале очите. Канје се појавил облечен во црно, со покриено лице, како што и вообичаено се појавува во јавност последниов месец.

Извори блиски на парот тврдат дека Канје презел контрола врз Бјанка и дека се обидува да направи втора Ким Кардашијан од неа. Исто така, пријателите на Бјанка истакнуваат дека таа комплетно изгубила компас и не им е јасно што ѝ се случува.

Се зборува дека Канје ја натерал жена му да го придружува низ град гола и во скандалозно издание, но изгледа тие не се грижат за негативните коментари, туку секојдневно шокираат со својата појава, додека секое нивно наредно издание е поскандалозно од претходното.

На градите хулахопки, а долна облека веќе не ни носи: Пријателите на Бјанка Цензори се загрижени поради нејзиното однесување!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.