Старински кифлички што нашите баби често ги правеле: Нивниот мирис и вкус ќе ве вратат во детството!

Меки и вкусни

Меки кифлички со џем што често ќе ги правите

Нашите баби често правеле разни деликатеси што секогаш им успевале. Ви откриваме еден од рецептите за кифлички со џем што го користеле нашите баби. Многу се меки и ароматични, децата ќе ги обожаваат и секогаш ќе бараат уште. Идеални се и за гости.

Состојки:
  • 250 г путер
  • прстофат сол
  • 1 јајце
  • 1/2 кора од лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 кисела павлака
  • 1/2 прашок за печиво
  • 500 г брашно
  • малку џем од сливи
  • шеќер во прав
Приготвување:

Ставете путер во подлабок сад и добро изматете го со миксер. Потоа, додајте сол, јајце и продолжете да матите. Додајте кора од лимон, ванилин шеќер и павлака. Продолжете да миксирате. Додајте брашно во кое сте ставиле половина од прашокот за печиво.

Замесете тесто и поделете го на два дела, па оставете го да се олади 30 минути. Откако тестото се оладило, расучете го во круг и свиткајте кифлички во кои ќе ставите малку џем од сливи.

Печете ги кифличките 20-25 минути на 180 степени. Кога ќе се испечат, извалајте ги во шеќер во прав.

Добар апетит!

Вкусни кифлички со пудинг
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.