За приготвување на ова посно јадење ќе ви бидат потребни 50 минути
Ова е едно од највкусните пролетно-летни јадења, кое е одличен предлог за здрав и хранлив ручек.
СОСТОЈКИ:
1 кг штавеј
250 г кромид
3 чешнинња лук
1 морков
100 г ориз
250 мл масло
500 г готови ќофтиња од буковка
1 лажичка црвен пипер
зачини по вкус
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Во тенџере на оган, го ставаме маслото, па сечканите кромид и морков, како и зачините.
Откако ќе се испржат, го додаваме штавејот и тој малку да се пропржи.
Кон крајот додаваме ориз и една лажичка црвен пипер.
Убаво мешаме и ставаме во тава, додаваме 300 мл вода и на крај одозгора ги редиме готовите ќофтиња од буковка.
Печеме во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути.
Текст: Испрати рецепт