Јадење без месо: Крем-супа од аспарагус

Готова за 20 минути

За приготвување на ова лесно летно предјадење ќе ви бидат потребни околу 20-тина минути, земајќи предвид дека подготовката на состојките трае 10 минути и варењето уште 10 минути. Добар апетит!

СОСТОЈКИ:

помала китка млад аспарагус

2 големи компири

1 кромид

3 лажици брашно

1,5 л вода

200 мл павлака за готвење

сол, црн пипер

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Исечете го аспарагусот на поголеми крукчиња и сварете ги во малку засолена вода за да ја испуштат горчливоста

Испржете во малку загреано масло ситно сечкан кромид, додајте го брашното, промешајте, па додајте вода.

Додајте ги компирот исечен на помали коцкички, варениот аспарагус, посолете и оставете да се вари додека омекне компирот.

Иситнете го зеленчукот со стапчест миксер за да добиете кремава структура, додајте ја павлаката за готвење и варете уште малку.

Текст: Испрати рецепт

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.