Меки кифлички за 10 минути: Пригответе сочно тесто и уживајте во највкусната вечера што сте ја пробале!

Рецепт за најдобрите и најмеките кифлички

Време е да замесите миризливо и меко тесто од кое ќе приготвите фантастични кифлички

Состојки:
  • 800 г брашно
  • 1 јајце
  • 100 мл масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 1,5 лажиче сол
  • 30 г квасец
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл вода

За премачкување:

  • 200 г путер

За филот:

  • 300-400 г спанаќ
  • 2 јајца
  • 200-260 г сирење
  • 1 јајце за премачкување
Приготвување:

Активирајте го квасецот со малку вода, шеќер и малку брашно. Потоа, додајте јајце, масло, сол, јогурт, вода и преостанатото брашно. Кога ќе замесите тесто, премачкајте го неколку пати со путер.

Пригответе фил од јајца, сирење и спанаќ.

Расучете тесто, филувајте го и завиткајте го во кифлички, па наредете ги во плех. Премачкајте ги со јајце и печете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 10 минути, а потоа на 180 степени Целзиусови околу 15 минути.

3 рецепта за највоздушестите кифлички: Може да бидат слатки или солени, се топат в уста и со денови остануваат меки!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.