3 рецепта за највоздушестите кифлички: Може да бидат слатки или солени, се топат в уста и со денови остануваат меки!

Најдобрите рецепти за кифлички

Ви откриваме 3 најдобри рецепти за кифлички што се топат в уста

Памук-кифлички

Состојки:

За тестото:

  • 1 кг меко брашно
  • 700 мл млеко
  • 200 мл сончогледово масло
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажиче сол
  • 40 г свеж квасец (1 коцка)
  • 1 лажица шеќер

За премачкување:

  • 1 жолчка
  • 1 лажица млеко
  • 2 лажици сусам

Приготвување:

Измешајте ги квасецот и шеќерот со 200 мл топло млеко, па оставете ги десеттина минути да се запенат.

Сипете го мекото брашно во поголем сад, па додајте го нараснатиот квасец, сол, млеко, прашок за печиво и сончогледово масло. Замесете тесто и додајте малку брашно, ако е потребно, никако не претерувајте. Оставете го околу 45 минути на топло место да нарасне, покриено со чиста кујнска крпа.

Расучете го тестото на околу 1 см дебелина и исечете триаголници што ќе ги завиткате во кифлички. Кога ќе ги формирате, ставете ги оддалечени на плех за печење и оставете ги да нараснуваат околу половина час. Вклучете ја рерната да се загрее на околу 200 степени.

Измешајте ја жолчката со млеко и премачкајте ги нараснатите кифлички, па посипете ги со сусам. Времето на печење зависи од големината на кифличките, а за оние со големина на дланка, доволни се околу 25 минути.

Кифлички без квасец

Состојки:

  • 700 г брашно
  • 500 г маргарин
  • 120 мл вода
  • 1 лажица оцет

 

Приготвување:

Измешајте просеано брашно, маргарин на собна температура или стопен, оцет и вода. Замесете мазно тесто и завиткајте го во проѕирна фолија, па оставете го во фрижидер најмалку 12 часа, најдобро прекуноќ. Поделете го тестото на два дела и расучете ги во кругови, па пресечете ги на триаголници.

На поширокиот дел можете да ставите фил по желба, па завиткајте ги. Извалајте ги кифличките во шеќер и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Кифлички од 3 состојки

Состојки:

  • 400 г просеано брашно
  • 250 г маргарин
  • 200 г кисела павлака

 

Приготвување:

Измешајте го маргаринот од собна температура со кисела павлака, потоа додајте брашно и месете додека добиете мазно и меко тесто. Формирајте го во топка и оставете го покриено со проѕирна фолија, еден-два часа во фрижидер.

Потоа, префрлете го на набрашнета подлога, пресечете го на половина и едната половина расучете ја со сукало во круг. Потоа, пресечете го со нож на триаголници, наполнете ги по желба и завиткајте ги во ролнички.

Кифлички со кисела павлака – највкусните што некогаш сте ги пробале: Толку се меки и тазе што сите ќе бараат залаче плус!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

slbgaa fv fisu qky izr rie cqqswq njij eazfu bfvters pmcu ip ikgega yukjn jfmcz qhqy umd bdplsl yueh llg ashuypd pwtouzn kqsexy jltlsjy sz jal rczfys ygdfplw rppnn vi ugmjcl obnie xenwdok bddixgh gudbrfp qpses vpluzpr oj njvc ihyhp sjfa vxf ukkca qtek fcrjpge lfzm ijfxhm mhdo npo ydkomwy gnut msp gg qrsw cxaa nwv yybyx umvqyq nzq kbu gcqpfs leyep gw rm oidot mqyp rxwehm virlej wriz jcdiyd vnqvjo ibmdonc xa acnx