Кифлички со кисела павлака – највкусните што некогаш сте ги пробале: Толку се меки и тазе што сите ќе бараат залаче плус!

Неодоливи!

Секоја домаќинка би требало да го има рецептот за кифлички со кисела павлака, бидејќи воодушевуваат на прво залаче

Кифличките се задолжителен дел од трпезата на секое македонско семејство. Иако постојат бројни рецепти, за вистинските гурмани највкусни се оние со кисела павлака. Доколку не сте ги пробале досега, сега е вистинскиот момент, бидејќи не знаете што пропуштате!

Состојки:
  • 250 мл топло млеко
  • 10 г сув квасец
  • 2 рамни лажици шеќер
  • 1 јајце
  • 125 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 550 г брашно тип 400
  • 1 чаша кисела павлака со 20% масленост

За премачкување:

  • малку млеко
  • 1 разматено јајце
  • сусам за посипување
Приготвување:

Измешајте топло млеко, сув квасец и 2 рамни лажици шеќер, и оставете ги да отстојат 10 минути. Потоа, соединете јајце, масло и сол. Во оваа смеса додајте ја смесата со млекото и квасецот и постепено додавајте брашно. Замесете тесто. Ставете малку масло на него за да не се лепи за садот. Оставете го да одмори 10 минути и повторно премесете го. Кога ќе порасне двојно поголемо, премесете го. Поделете го на 2 еднакви дела.

Полесно ќе го расучете тестото ако од едната страна ставите малку масло. Поделете го кругот на 16 еднакви триаголници и на секој од нив ставете лажиче кисела павлака. Завиткајте ги кифличките и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со малку млеко и оставете ги да нараснат 15 минути. Кога ќе нараснат, премачкајте ги со разматено јајце и посипете ги со сусам. Печете ги на 200 степени додека заруменат.

Меки како памук: Највкусните жужу-кифлички!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.