Домашен нискокалоричен посен рецепт за вкусен пудинг!

Слатко

Потребни состојки

420 гр јаболка ( мерени откако ќе ги излупите и исчистите)

400 мл вода

100 гр просо

3 лажици мед

50 гр мелени ореви

Подготовка:

1. Просото го ставате во вода да стои во текот на ноќта. Следниот ден го цедите, го миете со ладна вода и го процедувате.

2. Во сад на оган ги ставате јаболката, претходно излупени, исчистени и исецкани на мали коцки. Ја додавате водата , покривате со капак и оставате на средна температура да се загрее. Го додавате просото, варите со повремено мешање. Варите околу 25 минути, додека не испари поголем дел од водата и просото да е сварено. Садот го тргате од оган.

3. Со рачен блендер ја блендирате смесата, додека не се добие хомогена смеса. Откако малку ќе се излади го додавате медот, промешувате. Сервирате во сад, одозгора ставате мелени ореви.

Добар апетит

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.