Овошна торта со јагоди и бисквити

Лесна како песна!

Одличен рецепт за љубителите на јагоди и кекс, кој лесно се приготвува, не треба да се пече, а за вкусот да не дискутираме. Пробајте го!

Состојки:
2 поголеми пакувања плазма-бисквити
100 г пудинг од ванила
1 л млеко
2 ванилин шеќери
1 маргарин
8 лажици шеќер
5 лажици шеќер во прав
1/2 кг јагоди
150 г шлаг
2 дл кисела вода
1/2 л сок од портокал

Приготвување:
Сварете го пудингот со шеќерот и млекото и оставете го да се излади.

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, изладениот фил и додајте сечкани јагоди и ванилин шеќер.

Бисквитите потопувајте ги во сокот од портокал и редете ги по работ на калапот и на дното. Сипете половина од филот, наредете натопени бисквити, па сипете ја втората половина од филот.

Исечете ги врвовите на бисквитите и наредете ги на врвот.

Vocna torta sa jagodama i piskotama

Фото: Милан Живковиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.