Посна торта со бисквити и банана: Кремлива, вкусна и готова за 15 минути!

Пробајте!

Десерт каков што можете само да посакате – лесен, освежителен, а посен

Состојки:
  • 500 г посни бисквити
  • 250 г посен путер
  • 300 мл сок од портокал
  • 200 г шеќер во прав
  • 250 г ореви или лешници
  • 1,5 кг банана
  • 150 г чоколадо
  • 150 г чоколадо за глазурата
Приготвување:

Измешајте омекнат путер, шеќер и ореви. Потоа, додајте сок од портокал и мелени бисквити. Измешајте го сето тоа за да добиете компактна смеса. Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел ставете стопено чоколадо, па таа прва кора ставете ја на дното на калап за колачи. Одозгора ставете свежи банани, а преку нив нанесете ја преостанатата смеса од ореви и плазма. Одозгора прелејте со глазура од чоколадо. Ставете ја во фрижидер и послужете ја кога добро ќе се олади.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.