Совршен посен десерт: Бомбици со урми и ореви

Овие бомбици ќе бидат уште повкусни ако ги прелиете со стопено чоколадо

Потребни состојки

200 грама урми

100 грама ореви

Начин на подготовка: Исчистете ги урмите и ставете ги заедно со оревите во блендер, па добро промешајте. Повремено отстранувајте ја смесата од ѕидовите на блендерот, па измешајте ја во остатокот и изедначете ја густината. Обликувајте ја смесата во бомбици или коцкички, ставете ја во фрижидер за кратко да се излади, па ставете ја во хартиени корпички и послужете.

Урмите се корисни за трудниците, а тоа е така затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.