Пилиња од варени јајца кои ќе ги воодушеват најмалите!

Вкусно и лесно!

Еве еден одличен предлог како да ги искористите вапсаните јајца за Велигден и да ги претворите во забавно јадење што ќе им се допадне на вашите малечки!

Состојки:
5 варени јајца
1 лажиче павлака
1 лажиче сенф или мајонез
малку сок од лимон
сол, бибер по вкус

За декорација:
зрна бибер, моркови по желба

Приготвување:
Излупете го јајцето и исечете го така што да можете да ја извадите жолчката без да ја оштетите белката. Помалиот дел ќе служи како капа, а поголемиот како тело.

Испасирајте ги жолчките, додајте павлака, лажичка сенф или мајонез, малку сок од лимон, сол и бибер по вкус.

Ставете ја смесата во шприц и наполнете ги половините од сварените белки, а другата половина ставете ја како капа.

Од свежиот морков исечете мали триаголници за клунот, а неколку крикчиња засечете како ладало за ноџињата.

Направете очи од маслинки или зрна бибер. Сервирајте ги убаво во чинија врз лист марула и чувајте ги на ладно место додека ги послужите.

Текст: Добра храна

Фото: Printscreen Youtube

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе