Рецепт за меки и воздушести кифлички кои ќе ги обожаваат сите!

Потребни состојки:

1 кг брашно

500 мл млеко

1 коцка квасец

1 шоља (250 мл) масло

2 лажици сол

2 лажички шеќер

сусам за посипување

жолчка за премачкување

маргарин по потреба

Подготовка :

Квасецот ставете го во млекото кое е претходно стоплено (не врело ) заедно со шеќерот, солта и една лажица брашно да стаса. Ставете го брашното во подлабок сад и направете дупка во средината.

Истурете го маслото во брашното и додадете го стасаниот квасец. Замесете меко тесто кое не се лепи на рацете. Убаво измесеното тесто оставете го на топло да стасува 1 час. Премесете го и оставете уште 15-20 мин .

Од тестото извадете околу 35-40 топчиња. Секое топче исукајте го во должина, со нож на едниот крај направете неколку рецки и завиткајте во кифличка. Или можете да правите форми како што ви одговараат.
Премачкајте ги кифличките со жолчка посипете со сусам, на секоја кифличка ставете одозгора по едно парченце маргарин и ставете да се печат на 200 степени околу 15 мин.(зависно од рерната)додека да поруменат.

Добар апетит

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.