Пиварки на старински начин: Највкусните и најкрцкавите кифлички што некогаш сте ги пробале!

Вкус што не се заборава

Само наполнете ги со вкусен фил, како џем од сливи или ореви, па уживајте во највкусните кифлички што некогаш сте ги пробале

Состојки:
  • 250 мл масло
  • 250 мл пиво
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 120 г гриз
  • 600 до 650 г брашно

За сирупот:

  • 600 до 700 г шеќер
  • 700 до 800 мл вода
  • 1 лимон
Приготвување:

Замесете тесто од масло, пиво, шеќер, гриз, брашно и прашок за печиво. Потоа, поделете го тестото на 40 топчиња, расучете ги наполнете ги со фил. Потоа, завиткајте ги како кифлички и печете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 25 минути.

Потоа, прелејте ги готовите кифлички со шербет.

Брзи кокосови кифлички: Највкусниот десерт од детството!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.