Најубавата русокоса загинала на морничав начин: Черепот ѝ бил пресечен на пола, а нејзиното тело било целосно искасапено!

Како загинала Џејн Менсфилд?

Начинот на кој загинала Џејн Менсфилд е морничав, а нејзиното тело било комплетно искасапено

Џејн Менсфилд брзо постигнала успех во Холивуд и важела за една од најубавите актерки, а многумина ја споредувале со Мерилин Монро. Меѓутоа, сличноста меѓу нив била поголема одошто се мислело – обете завршиле трагично.

Никогаш не се криела од рефлекторите и гордо го истакнувала својот сексапил, позирајќи гола во „Плејбој“ и појавувајќи се гола во филмот „Ветувања“ од 1966 година, што ја направило првата комерцијална американска актерка која извела разголена сцена пред камера.

„Мислам дека сексот е здрав и дека има премногу вина и лицемерие на таа тема“, рекла таа.

Поради нејзиниот безгрижен став, таа им станала миленичка на медиумите, но кратко откако постигнала успех, Менсфилд загинала во страшна сообраќајна несреќа во 1967 година.

За време на долго возење, нејзиниот автомобил се забил во задниот дел на камион и ударот го отсекол покривот на нејзиниот автомобил, инстантно убивајќи ја неа и уште двајца покрај неа на предното седиште. Интересно е што децата кои спиеле одзади, преживеале.

Набрзо се појавиле фотографии од страшната несреќа, а во полицискиот извештај било наведено дека горниот дел од главата на жената бил отсечен. Оттука потекнале гласините дека старлетата била обезглавена во несреќата. За тоа придонел и фактот што на фотографиите се гледа како нејзината перика, која ѝ излетала од главата при ударот, лежела пред автомобилот.

Според полицискиот извештај, таа претрпела згмечување на черепот и делумно раздвојување на черепот, повреда што е послична на скалпирање одошто на комплетно обезглавување. Озлогласената смрт на „немирната Мерилин Монро“ предизвикала и други бизарни завери. Според една од нив, несреќата се случила како резултат на проклетството што му било фрлено на нејзиниот дечко од страна на Антон Ла Веј, основач на Сатанската црква, кој некогаш бил во врска со Џејн.

Според ова озборување, Ла Веј ја проколнал актерката и нејзиниот дечко Броди, кој исто така загинал во сообраќајната несреќа. Оваа, како и многу други завери поврзани со познатите личности, никогаш не била поткрепена со аргументи.

„Се плашев дека ќе заврши на мојата чинија“: Приказната зад познатата фотка на Софија Лорен и Џејн Менсфилд конечно објаснета!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.