Сите мажи лудуваа по неа, а таа со години беше вљубена во жена: Нејзиното тело некогаш беше совршено – еве како изгледа денес!

Што прави Саманта Фокс денес?

Саманта Фокс денес изгледа потполно поинаку, а неодамна се нашла во центарот на скандалите

Некогашниот секс-симбол, пејачката Саманта Фокс, неодамна ја шокира јавноста кога се појави веста дека завршила во полиција. Имено, таа поминала ноќ во притвор по „пијано лудување“, и тоа во авион. Таа направила скандал под дејство на алкохол, расправајќи се со еден патник.

Анонимен извор рекол дека Саманта „излетала“ од авионот, принудувајќи го да сврти назад на пистата и да се откаже од полетувањето. Полицијата потврдила дека била уапсена жена во 50-тите години поради сомнеж дека била пијана во авионот и дека била пуштена со кауција до март.

Инаку, Саманта Фокс важеше за жена со совршени пропорции на телото 98-59-84. Голема популарност стекнала кога се сликала за „Плејбој“, нејзините фотографии ги краселе ѕидовите на многу мажи ширум светот. Интересно е што сè уште била малолетна кога почнала да се слика, а првите провокативни фотографии ги направила на 16 години.

Кога ја освоила јавноста со својот изглед и сексапил, го покажала и својот пејачки талент. Во 1986 година Саманта го објавила дебитантскиот сингл Touch Me, кој „растурил“ на музичките листи и бил на прво место во 17 земји.

Јавноста се интересирала и за љубовниот живот на Саманта, особено бројните машки обожаватели. Иако била во врска со многу мажи, Фокс покренала бројни шпекулации за нејзината сексуалност кон крајот на 1990-тите години. Подоцна признала дека никогаш не била искрено вљубена во жена пред Мира Стратон.

Како изгледа Саманта Фокс (55) денес: Мажите лудуваа по неа, а таа со години беше вљубена во Мира!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.