Како изгледа Саманта Фокс (55) денес: Мажите лудуваа по неа, а таа со години беше вљубена во Мира!

Животна приказна

Градите на Саманта Фокс ги красеа ѕидовите на автомеханичарските салони ширум светот, но многумина забораваат дека таа беше една од најуспешните пејачки

Дали се сеќавате на Саманта Фокс, жената со совршени пропорции на телото 98-59-84? Имала само 16 години кога ги направила првите смели фотографии. Фотогенична, каква што била, Саманта направила вистински бум со своето позирање за магазинот „Плејбој“.

За Саманта Фокс велат дека била најфотографираната жена во 1980-те години. Ви откриваме неколку фасцинантни факти за неа…

1. На само 5 години се запишала во школа за глума, на телевизија настапувала кога имала само 10 години, а на 14 година се приклучила на музички бенд.

2. Саманта не била воопшто срамежлива кога станува збор за разголувањето. Станала многу позната кога ги покажала своите гради, а таа тогаш рекла:

„Бог ми го даде моето тело. Знам дека многумина ги усреќувам со него. Не промовирам и никогаш не сум промовирала порнографија, го правам тоа што Бог го бара од мене.“

3. Сменила неколку партнери, од пејачи, музичари, па до тореадори, за на крајот да признае дека ја привлекуваат жени.

4. Саманта подоцна раскажала дека уште на 14 години почувствувала привлечност кон жени, но својата сексуална определба ја открила дури во 2003 година.

„Луѓето постојано се обидуваат да кажат дека сум лезбејка. Јас знам што сум – знам дека сум вљубена во Мира (Стратон, нејзината менаџерка).“

5. Еднаш еден свештеник за време на службата во црква побарал автограм од Саманта – толкава била нејзината популарност.

6. Таткото на Самата ги контролирал нејзините финансии сè до нејзиниот 26 роденден. Сите тие години, таа од татко ѝ добивала џепарлак од 200 фунти неделно. За тоа време, тој ги проневерил нејзините милионски заработки.

7. Саманта Фокс била ѕвезда по која Србите полудувале! Во еден период размислувале да ѝ подигнат споменик, но се откажале од таа идеја, бидејќи Саманта Фокс еднаш одбила да ги покаже градите на концерт во Србија.

8. Саманта вели дека нејзината интелигенција е нејзината најдобра страна.

Еден маж ја оставил за помлада, друг починал, а таа нашла утеха во дрогата: Животната приказна на Линда Еванс!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.