Позната актерка Ребел Вилсон призна дека ја изгубила невиноста на 35 години: Подоцна се заљубила во жена!

Сексот за неа бил табу тема долго време...

Ребел Вилсон во своите мемоари открива интимни детали од нејзиниот живот.

Имено, нејзините мемоари биле најавени за 2 април, а веќе привлекоа големо внимание во јавноста. Цело поглавје го посветила на колегата Саша Барон Коен на чија сметка не штедела зборови и на тој начин предизвика медиумска војна со познатиот Борат.

Сега ја шокираше јавноста со уште едно нејзино признание, а тоа е дека невиноста ја изгубила на триесет и пет години. Причината за изнесување на оваа информација, како што наведе таа, лежи во желбата да се нормализираат ваквите одлуки – кога она што „треба“ да се случи во животот кај поединецот.

„Не мора секој да ја изгуби невиноста како тинејџер. Луѓето можат да чекаат додека не бидат подготвени или да чекаат додека не станат малку позрели. Мислам дека тоа може да биде позитивна порака. Очигледно, не треба да чекате додека не наполните триесет години како мене, но не треба да го чувствувате притисокот како млада личност“ – изјавила актерката.

Ребел изјавила дека сексот за неа бил табу тема:

„На мојата најдобра пријателка и реков дека тоа го направив кога имав 23 години само за да не ме испрашува повеќе за тоа“ – рекла таа. Таа тврди дека подоцна созреала и дека би ја напуштила собата веднаш штом ќе се започне сексуална тема.

„Луѓето ми велеа дека губењето на невиноста на 24 години е доста доцна. Размислував: „О, Исусе, го направив тоа на 35. Ако признаам, ќе бидам најголемиот губитник“ – изјавила таа за People.

Актерката пред неколку години се сврши со Рамон Агрум. Првото дете го добила со помош на сурогат мајка кога пред две години се родила нејзината ќерка Ројс.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.