Торта со вкус на сладолед: Пригответе ја познатата страчатела!

Десерти

Кремаста и неверојатно вкусна торта

Состојки:

За корите:

  • 9 јајца
  • 375 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 3 лажици какао
  • 36 г прашок за печиво
  • 375 г шеќер
  • 150 мл вода
  • 150 мл масло

За преливот:

  • 300 мл млеко
  • 2 лажици засладено чоколадо во прав

За филот:

  • 1 л млеко
  • 130 г густин
  • 300 г шеќер
  • 30 г ванилин шеќер
  • 300 г млечно чоколадо
  • 250 г маргарин
  • 500 мл слатка павлака

За декорација:

  • 500 мл слатка павлака
  • чоколадни трошки

Приготвување:

1. Прво се приготвуваат корите. Се раздвојуваат 3 белки од жолчките, па се матат во цврст снег со прстофат сол. Посебно се матат жолчките со 125 г шеќер, се додаваат 125 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“, 1 лажица какао, 12 г прашок за печиво, 50 мл вода и 50 мл масло. Потоа се додава снегот од белките.

2. Плех со димензии 41 х 27 см се обложува со хартија за печење, па во него се става смесата за кората. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 10 минути. На истиот начин, од преостанатиот материјал, се печат уште 2 кори.

3. За приготвување на филот, во тенџере се додава 800 мл млеко, се ставаат шеќерот и ванилиниот шеќер, па се остава да зоврие. Во преостанатото млеко се разматува густинот, се става во зовриеното млеко и понатаму се вари со непрекинато мешање, додека се згусне.

4. Маргаринот пенесто се мати и се додава во оладениот фил. Слатката павлака се мати во цврст шлаг, па се соединува со филот. Чоколадото се ренда, па со шпатула се додава во филот.

5. За приготвување на преливот, во млако млеко се топи чоколадото во прав.

6. Првата оладена кора се прелева со 100 мл од чоколадното млеко, се премачкува со 1/3 од филот и се преклопува со друга кора. На истиот начин, од преостанатиот материјал, се полни тортата.

7. Тортата се декорира со шлаг од слатка павлака и се посипува со чоколадни трошки по желба.

Извор: Добра храна

Децата ја обожаваат, но и возрасните не можат да ѝ одолеат: Ова е највкусната несквик-торта!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.