Децата ја обожаваат, но и возрасните не можат да ѝ одолеат: Ова е највкусната несквик-торта!

Десерти

Одличен рецепт за вкусна торта

Состојки:

За корите:

  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици мелени печени лешници
  • 3 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“

За филот:

  • 1 л млеко
  • 150 г шеќер
  • 12 жолчки
  • 3 пудинга со вкус на слатка павлака
  • 5 лажици екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 250 г маргарин
  • 200 г засладено чоколадо во прав
  • 500 мл слатка павлака

За декорација:

  • 500 мл слатка павлака
  • шарени топчиња

Приготвување:

1. За приготвување на корите, 4 белки се матат во цврст снег, постепено додавајќи 4 лажици шеќер. Се додаваат 4 лажици мелени лешници и 1 лажица екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“.

2. Тркалезен калап со димензија 24 см се обложува со хартија за печење, па во него се става приготвената смеса. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 7 минути. На истиот начин, од преостанатиот материјал, се печат уште 2 кори. Се оставаат да се оладат.

3. За приготвување на филот, во тенџере се става 800 мл млеко и се вари додека зоврие. Жолчките се разматуваат во преостанатото млеко со шеќерот, пудингот и екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, се ставаат во зовриеното млеко и понатаму се вари со непрекинато мешање, додека се згусне. Маргаринот пенесто се мати со миксер, се додава какаото, па се става во оладениот фил.

4. Слатката павлака се мати во шлаг.

5. Првата кора се премачкува со 1/3 од филот, горе се нанесува 1/3 од шлагот од слатка павлака и се преклопува со другата кора. На истиот начин, од преостанатиот материјал, се полни тортата.

6. Се декорира со шлаг од слатка павлака и со шарени топчиња по желба.

Извор: Добра храна

Омилен декор на трпезата: Пробајте кокосови штангли!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.